Прекин на тргувањето со обврзниците за "заробени девизи"
понеделник, 26 септември 2005
Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија број 09-25706/1, на 28 и 29 Септември 2005 година (среда и четврток) привремено се прекинува тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови, со шифра на тргување РМ01, заради пресметка на каматата со состојба 01 Октомври 2005 година.
Тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови ќе продолжи во понеделник, 03 Октомври 2005 година.